Достапни линкови

Баша-првпат по падот на комунизмот Советот на Европа нема набљудувачи во Албанија


Архивска фотографија- Лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша оцени дека откажувањето на Набљудувачката мисија на Советот на Европа претставува „јасно дистанцирање од еднопартиските антидемократски и антиуставни избори што сака да ги спроведе премиерот Еди Рама“.

Тој посочи дека првпат по падот на комунизмот, Советот на Европа одлучил да нема свои набљудувачи на избори во Албанија и покрај поканата на албанската Влада.

Според него, Советот на Европа ја донел оваа одлука не затоа што опозицијата го побарала тоа, туку затоа што 30 јуни не е законски изборен ден во земјата.

Инаку, според образложението на Советот на Европа, одлуката е донесена поради постојаната несигурност во врска со организирањето на локалните избори во Албанија на 30 јуни и поради можните безбедносни ризици во одредени области.

XS
SM
MD
LG