Достапни линкови

Екс претседателот на Киргистан ги отфрли обвиненијата против него


Алмазбек Атамбаев

Поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев ги отфрли сите обвиненија против него додека Парламентот се подготвува да гласа за одземање на неговиот имунитет. Атамбаев го обвини неговиот наследник Соронабај Јиенбеков за "беззаконие" и дека ги користи против него "најжестоките политичари со најтешкото корумпирано минато и неморалните информатички технологии".

Атамбаев го поддржа Јиенбеков на претседателските избори во 2017 година. Но, двајцата меѓусебно се обвинуваат за неспособност и недостаток на професионализам во последниве месеци. Атамбаев порача дека нема да биде дел од маскарадата и дека не се плаши од одговорност.

На 20 јуни, пратнеиците гласаа за одземање на имунитетот на сите поранешни претседатели поради обвинувањата дека Атамбаев ги злоупотребил своите овластувања додека бил на функција.

XS
SM
MD
LG