Достапни линкови

Димитров: Со почит и пријателство ќе се најде решение за прашањата со Бугарија


Министерот Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека земјава со Бугарија дели големи заеднички цели и оти ќе најдат решение за прашањата, како тоа Гоце Делчев за таквите цели да не бидат загрозени.

Како соседи што потпишаа Договор за пријателство, кој допира и до многу деликатни и емотивни прашања за двете страни во смисла на историјата, убеден сум дека ќе најдеме начин низ почит кон другиот и пријателство да не ги загрозиме овие важни цели“, рече Димитров, на прес- конференцијата по средбата со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка Ине Ериксен Сореиде, која е во посета на земјава.

Тој додаде дека се надева оти за прашањето ќе има прилика да разговара во текот на утрешниот ден во Софија, каде ќе присуствува на состанок на Црноморската иницијатива.

XS
SM
MD
LG