Достапни линкови

Иран ќе го забрза збогатувањето ураниум


Илустрација

Иранските власти соопштија дека ќе го забрзаат збогатувањето ураниум со што земјата продолжува да се оддалечува од одредбите во нуклеарниот договор по тензиите со САД. Иранската Организација за атомска енергија соопшти дека забрзувањето ќе се совпадне со крајниот рок за ограничување на збогатување ураниум на повеќе од 300 килограми ураниум.

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се повлече од договорот со светските сили според кој Иран ќе ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за ослободување од економските санкции.

XS
SM
MD
LG