Достапни линкови

Намалување на воениот рок во Турција


илустрација

Турскиот Парламент ратификуваше нов Закон за воена служба, со кој се намалува периодот на воениот рок за половина, од 12 на 6 месеци, јави новинската агенција Анадолија. Вкупно 335 пратеници го одобрија Законот во Парламентот, кој брои вкупно 600 пратенички места, 17 пратеници гласаа против, а двајца беа воздржани. Новиот Закон предвидува и ослободување од воениот рок со плаќање како перманентна одредба. Според новиот Закон, од турските граѓани ќе се бара да минат едномесечна воена обука, а потоа ќе бидат ослободени од служење на воениот рок за останатите пет месеци со плаќање на околку 5.300 долари.

XS
SM
MD
LG