Достапни линкови

Макрон разговарал со Рохани за тензиите во Заливот


Емануел Макрон

Претседателите на Франција и на Иран Емануел Макрон и Хасан Рохани телефонски разговарале за смирување на напнатоста во Заливот, соопшти Елисејската палата. Макрон ќе учествува на состанокот на лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот и земји во развој што в петок почнува во Јапонија. На самитот ќе стане збор и за иранската нуклеарна спогодба и за тензиите меѓу САД и Иран. Француските власти оценија дека повикот на САД за формирање коалиција против Иран е „вознемирувачки“, бидејќи европските земји се залагаат за зачувување на нуклеарната спогодба со Иран од 2015 година.

XS
SM
MD
LG