Достапни линкови

Помпео: мировен договор во Авганистан до септември


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека се надева оти мировен договор со талибанците во Авганистан ќе биде постигнат пред први септември. Помпео кој престојуваше во ненадејна кратка посета на Кабул, прва од септември лани кога САД ги покренаа мировните преговори меѓу авганистанските власти и бунтовниците. Новите преговори меѓу Вашингтон и талибанците се предвидени за 29 јуни во Доха. Помпео го посети Кабул на пат за Индија во рамките на турнејата од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати до Шри Ланка, Јапонија и Јужна Кореја.

XS
SM
MD
LG