Достапни линкови

Петар Атанасов си даде оставка зошто не стана министер, тврди Заев


Жалам што господинот Петар Атанасов си поднесе оставка на таков начин, рече премиерот Зоран Заев во интервју за Сител.

„Ред е да кажам, тоа го направи затоа што не стана министер за образование, бараше од мене да стане министер за образование, но не стана министер. Јас во саботата ја донесов конечната и му ја соопштив, рече Заев, наведувајќи дека во неколку наврати Атанасов нему му рекол дека доколку не стане Министер за образование ќе си поднесе оставка“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG