Достапни линкови

Владата наложи да се преиспита правната основа за рудникот Иловица


Графички приказ на рудникот Иловица-Штука.

Владата на денешната седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на Еуромакс, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

„Владата го задолжи Министерството за економија, доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село со број бр.24-4563/1“, соопшти Владата.

Локалното население од Струмичкиот регион повеќе од недела секојдневно го блокира патот до рудникот Иловица – Штука и бара одземање на концесијата на Еуромакс.

XS
SM
MD
LG