Достапни линкови

Рама го тужи новинарот на „Билд“ по објавувањето на „бомбите“


Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама поднесе тужба против германскиот новинар Питер Тиде, по објавувањето снимки од прислушуваните разговори каде се слуша како се обезбедувале гласови за партијата на Рама, преку закани и купување гласови.

„На германскиот адвокат Матијас Принц му дадов овластување за започнување судски процес околу наводите во „Билд”. Германските судови нека одлучуваат кој е во право и кој е виновен за ова. Ова го правам затоа што Албанците заслужуваат да ја знаат вистината од судството на таа земја“, напиша Рама на Твитер.

На објавата на Рама, преку Твитер, одговори новинарот Тиде: „За што ме обвинува? Ме обвинува за објавената вистина?“, напиша Тиде.

XS
SM
MD
LG