Достапни линкови

Во Љуботен запленети 12 тони шверцуван тутун, буџетот оштетен за над 7 милиони евра


Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми

Во денешната полициска акција во скопското село Љуботен се запленети 12 тони тутун и опрема за негова обработка, соопштија Финансиската полиција и Царинската управа.

Според директорите на Финансиската полиција и Царинската управа, Арафат Муареми и Ѓоко Танаскоски, правни лица шверцувале необработен тутун, а физички лица го обработувале и нелегално го продавале на пазарот, при тоа, од тој нелегален увоз на тутун од соседните држави и продажба на цигари буџетот на државата за година и половина е оштетен за 7,3 милиони евра.

По акцијата, на разговор се повикани четири физички лица кои по давање исказ ќе бидат пуштени, а ниту едно правно лице кое го шверцувало тутунот не е приведено, но како што вели Муареми тие се познати на истрагата и се очекува јавен обвинител да даде налог за нивно приведување.

Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи денеска спроведе акција во скопското село Љуботен врз основа на сомнение за сторени кривични дела криумчарење на акцизна стока и царинска измама.

XS
SM
MD
LG