Достапни линкови

Обвинение за „Ел Чека“ за неовластено прислушување и снимање


Основно јавно обвинителство во Скопје

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против лицето „Ел Чека“ за сторено продолжено кривично дело- неовластено прислушување и тонско снимање.

„Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG