Достапни линкови

Иран тврди дека има план за одговор на санкциите од САД


Илустрација

Иранскиот министер за економија Фархад Дејпасанд изјави денеска дека властите имаат план со кој ќе ја заштитат нацијата од економскиот притисок на САД. Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат нови санкции врз Иран, вклучително и за кабинетот на врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи.

„Ние имаме свои планови и опции за да се спротивставиме на притисокот и санкциите на непријателот", изјави Дејпасанд.

Тој не откри повеќе детали за тоа како ќе се справат со санкциите од САД.

XS
SM
MD
LG