Достапни линкови

За Иран новите санкции на САД се знак на очај


Американскиот претседател Доналд Трамп со извршната наредба за нови санкции врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша извршната наредба со која се воведуваат нови санкции врз Иран, вклучително и за кабинетот на врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи. Со новите санкции на иранскиот лидер и на негови соработници им се забранува пристап до клучни финансиски ресурси и поддршка.

Иранскиот претседател Хасан Рохани ги отфрли санкциите и ги нарече знак на очај на САД. Според него, санкциите за Хаменеи нема да бидат успешни бидејќи тој нема имот во странство.

XS
SM
MD
LG