Достапни линкови

Зариф: војската на САД нема што да бара во Заливот


Шефот на иранската дипломатија Мухамед Џавад Зариф

Шефот на иранската дипломатија Мухамед Џавад Зариф изјави дека американската војска нема што да бара во Заливот, реагирајќи на најновите санкции на САД воведени поради иранското соборување на американското беспилотно летало. Зариф на Твитер наведе дека „Б бандата не води сметка за американските интереси, туку ја презира дипломатијата и е жедна за војна“. „Б банда“ е алузија на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, саудискиот принц Бин Салман и шеикот од Абу Даби Бин Зајед кои се приврзаници на тврдата струја против Иран.

XS
SM
MD
LG