Достапни линкови

Седум доживотни казни за серискиот убиец од Кипар


Кипар, илустрација

Кипарскиот Грк, воен капетан, осуден е на седум доживотни казни откако се изјасни за виновен за убиство на пет жени и две деца. 35 годишниот Никос Метаксас се изјасни за виновен по 12 точки поврзани со убиства со предумисла и киднапирање на седум лица, кои дошле од Филипини, Романија и Непал во период од две години. Двете убиени девојчиња, на возраст од шест и осум години, биле ќерки на убиените жени.Извршителот е разведен татко на две деца. Жртвите, кои работеле како домашни помошнички, ги пронаоѓал на Интернет и ги убил во периодот меѓу септември 2016 и август 2018 година. Началникот на полицијата доби отказ, а министерот за правда поднесе оставка по протестите поради лошо спроведената истрага, при што исчезнувањето на жените не се сфаќаше сериозно бидејќи исчезнатите жени биле од странство.

XS
SM
MD
LG