Достапни линкови

Пендаровски – Маас: Потврдена силната поддршка од Германија


Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, во рамките на официјалната посета на Германија се сретна со министерот за надворешни работи Хајко Маас. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за последните случувања поврзани со европската интеграција на Северна Македонија. Пендаровски посочил дека Република Северна Македонија во изминатиот период вложи многу напори во исполнување на европските критериуми и го реафирмирал очекувањето за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

XS
SM
MD
LG