Достапни линкови

Османи - Сијарто: Екстрадицијата на Груевски е правно прашање


Петер Сијарто

Присуството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија го гледам како правно прашање и тоа нема никаква врска со надворешната политика на нашата земја, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто на денешната прес-конференција со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

И вицепремиерот со краток одговор на новинарските прашања во врска со Груевски. Тој на прашањето дали со Сијарто разговарале за екстрадицијата на Груевски, одговори дека тоа е правно прашање.

XS
SM
MD
LG