Достапни линкови

Путин го продолжи ембаргото за увоз на храна од ЕУ до 2020 година


Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска потпиша декрет со кој руската забрана за увоз на храна од земјите членки на Европската унија се продолжува до крајот на 2020 година, објави новинската агенција „Ројтерс“.

Русија од 2014 година воведе ембарго за увоз на широк спектар производи од ЕУ и други земји, како одговор на меѓународните санкции наметнати врз Москва поради нејзината улога во украинската криза.

XS
SM
MD
LG