Достапни линкови

„Катимерини“: Грчките воени сили во состојба на готовност


илустрација

Грчките вооружени сили се во состојба на подготвеност поради продолжување на можен турски „провокативен” настап во источниот Медитеран, објави грчкиот весник Катимерини. Според весникот, и покрај повиците на ЕУ за прекин на дупчење за нафта и за гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во режим на подготвеност за да се спречи евентуалната ескалација во источниот Медитеран. Весникот додава дека клучното прашање во Атина е како да се реагира доколку Турција спроведе истражување, според грчките официјални лица, во грчкиот континентален појас.

XS
SM
MD
LG