Достапни линкови

Партијата на Ердоган по втор пат го загуби Истанбул


Опозицискиот кандидат за градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу

Опозицискиот кандидат за градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу по втор пат го победи кандидатот на владејачката партија Бинали Јилдирим. Според пребројаните 90 отсто од гласовите на повторените избори за градоначалник Имамоглу освоил 54 отсто од гласовите. Претходно тој со тесна разлика победи на изборите во март, но тоа беше поништено откако партијата на лидерот на владејачката партија Реџеп Таип Едроган се пожали на нерегуларности. Противникот на Имамоглу Бинали Јилдирим го призна поразот на денешните повторени избори. Ова е втор голем удар за Ердоган, кој веќе ги загуби Анкара и Измир. Тој претходно кажа „кој и да го освои Истанбул, ќе ја освои и цела Турција“.

„Резултатот од овие избори претставува нов почеток за градот и за државата. Подготвени сме да отвориме нова страница во Истанбул, страница на правда, еднаквост и љубов“, изјави Имамоглу, додавајќи дека е подготвен да работи во хармонија со Ердоган.

XS
SM
MD
LG