Достапни линкови

Болтон: Американската „претпазливост“ кон Иран не е слабост


Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон го предупреди Иран да не ја толкува американската претпазливост како слабост. Тој по средбата со изралелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим изјави дека никој не му дал на Иран „лиценца за лов на Блискиот Исток“. Ваквиот коментар доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека во последен миг се предомислил и ја откажал наредбата за напад на Иран.

„Ниту Иран ниту кој било друг непријателски учесник не би требало погрешно да ја протолкува обзирноста и воздржаноста на САД како слабост,“ истакна Болтон.

Во меѓувреме во американските медиуми беше објавена информација дека дека САД започнале сајбер напади врз иранските воени компјутерски системи, по само неколку часа откако Иран го урна американското беспилотно летало пред два дена. Познатите американски медиуми Вашингтон Поста и АП во своите текстови повикувајќи се на неименувани официјални претставници пишуваат дека нападите се спроведени со одобрение на американскиот претседател Доналд Трамп. Официјални претставници на одбраната на САД не ги потврдија ваквите извештаи.

XS
SM
MD
LG