Достапни линкови

Курц:Штрахе би го советувал да не се врати во политика


Поранешниот премиер Себастијан Курц при посетата на Скопје. архивска фотографија

Лидерот на австриската Народна партија Себастијан Курц денеска изјави дека својот поранешен коалиционен партнер Хајнц Кристијан Штрахе, по аферата „Ибица”,би го советувал да не се врати во политиката. Но таа одлука ќе треба самиот да си ја донесе, додаде Курц.

Штрахе беше принуден да поднесе оставка на сите политички функции, како и на позицијата вицеканцелар во владата на Курц, откако се појави снимка од пред две години, на која се гледа како на внука на руски милијардер и ветува услуги од државата во замена за финансиска поддршка на неговата партија.

XS
SM
MD
LG