Достапни линкови

Парада на гордоста во Киев под силно полициско обезбедување


Ukraine -- The Equality March, organized by the LGBT community, Kyiv, 23Jun2019

Илјадници поддржувачи на ЛГБТИ заедницата маршираа денеска во главниот град на Украина, Киев со големо присуство на полицијата. Организаторите на „Маршот на еднаквоста“ изјавија дека очекуваат поддршка од десетици илјади луѓе. На маршот присуствуваат дипломати

. Полицијата соопшти дека деветмина се уапсени под сомнение дека подготвувале провокации против учесниците на настанот во Киев.

Организаторите велат дека нивната цел е да промовираат „целосна почит “ за правата на припадниците на ЛГБТ заедницата. Парада на гордоста се одржува во Киев од 2016 година и покрај протестите на противниците, десничарските активисти и претставници на верските организации.

XS
SM
MD
LG