Достапни линкови

Земјотрес од 5,5 степени ја погоди Калифорнија


Илустрација, архивска фотографија

Американскиот геолошки завод соопшти дека утрово во близина на пацифичкиот брег на Северна Калифорнија регистриран е земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на 27,9 километри југозападно од Скоти, град со 850 жители, на длабочина од девет километри. Засега нема информации за евентуално причинета материјална штета и повредени лица.

XS
SM
MD
LG