Достапни линкови

Предлогот за реконструкција на Владата денеска ќе пристигне во Собрание


Премиерот Зоран Заев најави дека денеска ќе ги достави до Собранието имињата на министрите кои ќе бидат дел од новата реконструирана Влада, по што предлогот треба да биде усвоен на собраниска седница во текот на следната недела. По реконструкција на Владата, премиерот Заев, најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон, со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

„Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата, изјави Заев,“ завчера одговарајќи на новинарски прашања.

XS
SM
MD
LG