Достапни линкови

Уставниот суд на Украина го одобри распуштањето на парламентот и предвремените избори


Уставниот суд на Украина

Украинскиот Уставен суд денеска одлучи дека наредбата на претседателот Володимир Зеленски за распуштање на Парламентот и распишување предвремени парламентарни избори е законска.

Зеленски, на 21 мај, ден по неговата инаугурација, потпиша уредба за распуштање на парламентот и соопшти дека на 21 јули ќе биде избран нов. Сепак, пратениците ја оспорија оваа одлука, одбивајќи да разговараат за измените во изборното законодавство што ги предложи тој и го повикаа Уставниот суд да ја поништи одлуката.

Актерот и комичар Зеленски убедливо го победи претходниот претседател Петро Порошенко на изборите на 21 април.

XS
SM
MD
LG