Достапни линкови

Иран соборил американско беспилотно летало


Американско беспилотно летало

Иран и САД ги оспоруваат околностите околу соборувањето на американско беспилотно летало во услови на зголемени стравови за воена конфронтација и тензии меѓу двете земји.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека го соборила американското беспилотно летало кое ја исклучило опремата за следење и летало над покраината Хормозган, што претставува јасно „преминување на црвената линија“. Портпаролот на Централната команда на САД, Бил Урбан одбил да го коментира нападот, но соопштил дека ниту едно американски беспилотно летало не летало над иранска територија.

XS
SM
MD
LG