Достапни линкови

Авганистанец и тројца Бугари осудени за смртта на 71 мигрант


Изрекувањето на пресудата во унгарскиот суд за смртта на мигрантите

Авганистански трговец со луѓе и тројца Бугари добија доживотна казна затвор за смртта на 71 мигрант кои се задушија во напуштен камион за ладење во близина на австриско село во 2015 година. Унгарскиот суд ги прогласи за виновни за трговија со луѓе и убиство, 32 годишниот Самсор Лахо од Авганистан и неговите соучесници.

Според пресудата, тројца од осудените немаат можност на помилување, а четвртиот ќе треба да отслужи најмалку 30 години затворска казна. Жртвите беа мигранти од Авганистан, Ирак, Иран и Сирија, а меѓу нив имаше 8 жени и 4 деца.

XS
SM
MD
LG