Достапни линкови

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО


Знамето на Северна Македонија и на НАТО

Канада е 18-та земја членка на НАТО која го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Канадското МНР на Твитер изрази задоволство што набргу ќе и посакаат добредојде на нашата земја како 30-та членка.

„Канада со задоволство го ратификуваше пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Додека славиме 70 години НАТО, со нетрпение очекуваме да ве поздравиме како 30-та членка на Алијансата во блиска иднина“, објави канадското МНР.

XS
SM
MD
LG