Достапни линкови

Слободата на медиумите на Балканот е под удар


илустрација

Повеќе од една третина од сите прекршувања на слободата на медиумите во Европа во 2018 и 2019 година се случиле во југоисточна Европа, соопштија во Сараево мониторите на слободата на печатот, прецизирајќи дека зад половината од таквите прекршувања стоеле владите. Новинари од Албанија, Турција, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија на дводневната конференција во Сараево се пожалија на тешките услови под кои работат во нивните држави. „Слободата на медиумите опаѓа низ цела Европа, но ситуацијата е полоша во овој регион“, рече Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинарите.

XS
SM
MD
LG