Достапни линкови

Дводневен самит на ЕУ во Брисел


Лидерите на ЕУ

Лидерите на ЕУ денеска и утре во Брисел треба да донесат одлуки за наименувања на нови претставници на европските институции и да ја усвојат стратегиската агенда на ЕУ за 2019-2024 година. Агендата ќе се користи за планирање на работата на Европскиот совет и ќе обезбеди основа за работните програми на другите институции на ЕУ. Европскиот совет, исто така, ќе разговара за климатските промени пред Самитот на Обединетите нации за климатски активности во септември годинава. Европскиот совет, исто така, ќе расправа и за препораките за одделни земји. Покрај тоа, лидерите ќе го земат предвид извештајот за дезинформации за време на избори подготвен од романското претседателство во соработка со Европската комисија. Утре евросамитот ќе биде во проширен формат.

XS
SM
MD
LG