Достапни линкови

Пентагон дава поголема поддршка за Киев


Американски амбасадор во Украина, Џон Хербст,

Одделот за одбрана на САД ќе обезбеди 250 милиони долари за унапредување на воените способности на Украина, додека земјата продолжува да се бори против сепаратистите поддржани од Русија во нејзините источни региони.

Последната транша од помошта е насочена кон зајакнување на поморските и копнените сили на Украина преку дополнителна обука и обезбедување на оружје, објави Пентагон.

Русија ги поддржува сепаратистите со над 450 тенкови и 700 парчиња тешка опрема, изјави поранешниот американски амбасадор во Украина, Џон Хербст, пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот по објавата на Пентагон. Хербст им рече на членовите на Сенатот дека САД треба да обезбедат повеќе оружје за Украина за да го заобиколат, како што рече, планот на рускиот претседател Владимир Путин да ја ослабне Европа и НАТО.

XS
SM
MD
LG