Достапни линкови

САД очекуваат во најскоро време Северна Македонија да добие датум за преговори


Микаела Швајцер-Блум, вршителката на должноста амбасадор на САД

Северна Македонија заслужува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави денеска в.д амбасадорката на САД во земјава, Микаела Швајцер-Блум.

„Владата на Соединетите држави силно верува дека Северна Македонија заслужува датум за отворање на преговорите во најскоро можно време. Ние ја зедовме предвид изјавата од состанокот синоќа и сме охрабрени дека ЕУ ќе донесе одлука Северна Македонија да ги отвори пристапните преговори оваа година“, рече Швајцер-Блум за МРТВ.

XS
SM
MD
LG