Достапни линкови

Франција и Германија ќе ја намалуваат тензијата со Иран


Министрите за надворешни работи на Франција и на Германија, Жан- Ив Ле Дријан и Хајко Мас

Министрите за надворешни работи на Франција и на Германија, Жан- Ив Ле Дријан и Хајко Мас соопштија дека нивните земји ќе ги зголемат напорите за намалување на тензиите околу Иран. Но, според нив, времето истекува и не може да се исклучи ризикот од војна.

„Сакаме да ги обединиме нашите напориза да почне процесот на деескалација“, рече Ле Дријан, според кој, се уште има време и надеж дека сите актери ќе покажат смиреност. Мас додаде дека „ризикот од војна во Заливот не е спречен“.

XS
SM
MD
LG