Достапни линкови

Прв Матка Summer Fest


Сакаме позитивно да влијаеме врз културната понуда, разновидноста, промоцијата, развојот на туризмот и бизнис секторот во земјата, велат организаторите.

За прв пат годинава, на 28 и 29 јуни, на Матка крај Скопје, ќе се одржи културната манифестација „Matka Summer Fest“, која има за цел промоција на туристичкиот локалитет Матка надвор од досегашните стандарди.

„Со овој фестивал, сакаме позитивно да влијаеме врз културната понуда, разновидноста, промоцијата, развојот на туризмот и бизнис секторот во земјата“, велат организаторите.

Централен настан на фестивалот се концертите што ќе се одржат на 28 и 29 јуни, каде што ќе учествуваат „Bla bla bla“ и „Offchestra“ (28-ти јуни) и Мухамед Ибрахими и Ерихон (29 јуни), чии настапи ќе бидат придружени од диџеите Electron и Pitti. Покрај ова, ќе се одржи и изложба на фотографии од Матка направени од страна на неколку млади фотографи, како и други перформанси кои ќе се одржуваат неколку дена пред концертите.

XS
SM
MD
LG