Достапни линкови

Музички медитации во МКЦ


Дино Имери

Музика директно инспирирана од генијалните уметнички дела на Владимир Георгиевски и неговите ученици - дела кои се дел од изложбата "Учителот и неговите ученици".

Во Младинскиот културен центар (Галерија), денеска во 20 часот, ќе настапи еден од најреномираните македонски пијанисти - Дино Имери. Ќе создава и изведува музика директно инспирирана од генијалните уметнички дела на Владимир Георгиевски и неговите ученици - дела кои се дел од изложбата "Учителот и неговите ученици".
Како специјален гостин ќе настапи и еден од најперспективните македонски виолинисти - Бојан Илкоски.

„Покрај вештините, неизбежно, учителот им пренесува на учениците и дел од неговите лични убедувања и животни ставови. Инспирацијата која Владимир Георгиевски ја црпи од музиката е јасно видлива низ сите периоди на неговото творештво. Во своите предавања и разговорите со своите ученици, тој често пати прави компарации помеѓу цртежот, бојата и перспективата од една и музичката хармонија и тонот од друга страна. Помеѓу неговите многубројни Учители и Ученици отсекогаш имало композитори, аранжери, инструменталисти...“, велат од МКЦ.

XS
SM
MD
LG