Достапни линкови

Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно


Овој настан е со јавен карактер, велат организаторите, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст.

Имате доволно кондиција? Дали сте за вечерна прошетка? Денеска во 19:30 часот ќе се одржи “Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно”.

Овој настан е со јавен карактер, велат организаторите, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст. Патеката по која ќе се пешачи е долга 5 км и се пешачи околу два часа.

Стартно и собирно место е пред ОУ Кочо Рацин. во 19:15 часот, на кое е и завршната средба околу полноќ.

Организаторот соопштува:

- Заинтересираните кои сакаат да тргнат од средно Водно, нека бидат кај фонтаната во 20:15 часот.

- Ќе има 1 официјална пауза, на Средно Водно (5 до 10 минути)

Задолжителна опрема:
– Соодветни чевли за пешачење
– фенерче*
– резервна маица
– вода
– овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај

„Доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, му препорачуваме да се искачи само до средно Водно. Секој е на своја одговорност“, напоменуваат организаторите од Мојтренер.мк

XS
SM
MD
LG