Достапни линкови

Грозданова: Растурањето на пакетот Македонија- Албанија за датум од ЕУ е разбирливо


Bulgarian in Sofia

Бугарската позиција е против разделување на Македонија и Албанија од заедничкиот пакет за доделување датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави денеска пратеничката Џема Грозданова, на форум за евроинтеграцијата на Западен Балкан во Унијата, објавија бугарските БТА и 24Часа.

Како што вели Грозданова, Холандија веќе се изјасни дека Албанија не е стасана до позиција за датум.

За бугарската пратеничка растурањето на пакетот Македонија - Албанија е сосема разбирливо, бидејќи, како што вели, политичката клима и ситуација во двете земји е различна.

XS
SM
MD
LG