Достапни линкови

Дагестански новинар обвинет за финансирање на ИД


Новинарот Абдулмумин Гаџиев кој работи за независен весник Черновик во Дагестан е обвинет за финансирање на тероризам, односно собирање на фондови за милитантната група Исламска држава.

Неговиот адвокат Арсен Шабанов изјави дека истражителите се подготвуваат да го сослушаат Гаџиев. Неговите уредници соопштија дека обвинувањата се апсурдни. Полицијата извршила и претрес во домот на Гаџиев и го запленила неговиот компјутер и телефон.

XS
SM
MD
LG