Достапни линкови

Трамп го обвини Иран за нападите на танкерите во Оманскиот Залив


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран дека ги спровел нападите на двата нафтени танкери во Оманскиот Залив. Тој ви интервју за Фокс додаде дека САД нема да дозволат активностите на Иран да ја прекинат меѓународната испорака преку стратешкиот Ормутски теснец во близина.

Американскиотдржавен секретар Мајк Помпео претходно изјави дека САД веруваат оти Иран е одговорен за нападите на норвешкиот и јапонски танкер.

XS
SM
MD
LG