Достапни линкови

ЕУ открила ширење на дезинформации од „руски извори“


Илустрација

ЕУ соопшти дека собрала докази за постојана и одржлива активност за ширење на дезинформации од страна на Русија со цел земјата да влијае на резултатите од европските избори кои се одржаа минатиот месец. Според извештајот на Европската комисија, „руски извори“, без да се наведе конкретно какви, се обиделе да го намалат одѕивот и да влијаат на изборот на гласачите.

Извештајот е по предупредувањата на Брисел до земјите-членки на ЕУ и до социјалните медиуми да се пазат од лажните вести од Русија. Малигните активности се забележани во извештајот кои се движат од предизвикувањето на демократскиот легитимитет на ЕУ до искористување на поделените дебати за прашања како што е миграцијата.

„Тактиките што ги користат внатрешните и надворешните актери, особено поврзани со руски извори, се развиваат толку брзо колку и усвојувањето на мерките од државите и онлајн платформи", наведува ЕК.

XS
SM
MD
LG