Достапни линкови

Мета набрзо со одлука за нов датум за локални избори во Албанија


Албанскиот претседател Илир Мета

Албанскиот претседател Илир Мета денеска изјави дека набрзо ќе донесе одлука за нов датум за одржување на локалните избори, откако претходно ја поништи уредбата за распишување на изборите за 30 јуни.

„Се до новиот датум, уредбата за одлагање на изборите е во сила и таа треба да се почитува и спроведува. Кој посакува да чекори по патот на незаконитоста, тоа е негово право, но едно треба да знаат дека на тој начин го провоцираат социјалниот мир и демократската стабилност во земјата“, посочи Мета.

Во однос на иницијативата за негово разрешување порача дека „претседателот и припаѓа на републиката, а републиката на албанските граѓани“.

XS
SM
MD
LG