Достапни линкови

Турција се заканува со мерки ако САД воведат санкции за земјата


Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу

Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу изјави дека Анкара ќе преземе мерки доколку САД воведат санкции против земјата поради набавката на рускиот одбранбен ракетен систем С-400.

Според него, Турција нема да отстапи од своите планови за вооружување и декаво оваа фаза е невозможно земјата да ја откаже набавката на ракетниот систем. САД се заканија дека ќе воведат санкции кон Турција и ќе ја исклучат земјата од својата програма за борбени авиони Ф-35.

XS
SM
MD
LG