Достапни линкови

Честитки за изборот на Пендаровски од светските лидери, меѓу кои Трамп и Путин


Стево Пендаровски со уврението од ДИК за претседател на државата.

Светските државници упатија честитки до претседателот Стево Пендаровски за неговото стапување на функцијата. Претседателот на САД, Доналд Трамп порачува дека денес двете нации се поблиски од кога било претходно.

„САД силно ја поддржува Северна Македонија, која го зазема своето заслужено место во западните институции и особено се надева дека ќе ја поздрави Северна Македонија наскоро како наш 30-ти сојузник во НАТО“ пишува Трамп.

Рускиот претседател Владимир Путин истакнува дека односите меѓу двете земјисе темелат на добрите традиции на културна и духовна блискост.

„Убеден сум дека конструктивното унапредување на нашите односи би им одговарало на народите на нашите две земји и на цела Европа“, пишува Путин.

Во писмото упатено од претседателот на Кина Кси Џинпинг, се посочуваат традиционално пријателските односи меѓу двете земји.Честитки има и од кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета, како и од претседателите на повеќето земји- членки на ЕУ, меѓу кои и Германија, Франција и Италија, како и на Полска и Унгарија кои соопштуваат дека ја поддржуваат евроатлантската интеграција на земјата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изразува благодарност за заложбите на Пендаровски за евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Според него, присоединувањето на земјата во Алијансата ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан.

Во име на Европската унија честитки упатува и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Честитки има и од претседателите на Турција, Грција, како и другите шефови на држави од регионот и од светот.

XS
SM
MD
LG