Достапни линкови

Од утре многу топло, температурите во жолта фаза


Следните два дена земјата ќе биде зафатена со температури од жолта фаза, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Па затоа Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури при Министерството за здравство апелира до граѓаните во следните денови да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури.

Граѓаните треба да се заштитат од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа, доколку е можно во светли бои кои ја рефлектираат светлината.

Се препорачува консумирање лесна храна и течности. На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

Од утре по два мобилни тима на Црвениот крст на Град Скопје во периодот од 11:00 до 16:00 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и притоа ќе даваат совети на граѓани за заштитата од топлотниот бран, а доколку е потребно ќе укажат и прва помош.

Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, се наведува во соопштението на Црвен крст на град Скопје.

XS
SM
MD
LG