Достапни линкови

Ако Бугарија купи нови авиони може да го штити македонскиот воздушен простор


Зоран Заев и Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека Бугарија, која е членка на НАТО, доколку склучи договор за купување осум авиони Ф-16 од САД, може да и помогне на Северна Македонија во заштитата на воздушниот простор.

Новинската агенција БГНЕС пренесува дека Бугарија, која е исто така членка и на ЕУ, се обидува да ги замени своите стари МиГ-29 и да ја подобри усогласеноста со стандардите на НАТО.

Американскиот Стејт департмент одобрил евентуалната продажба на осум авиони Ф-16 и слична опрема за Бугарија, по цена од 1,67 милијарди долари. Сепак, Бугарија очекува САД да понудат на продажба авиони по намалена цена од 1,2 милијарди долари.

„Разговаравме со мојот колега Зоран Заев минатата недела, да го чуваме воздушниот простор на Северна Македонија кога ќе ги добиеме новите авиони. Ова ќе биде добро и за нив и за нас“, изјави Борисов.

XS
SM
MD
LG