Достапни линкови

Харадинај - Косово е подготвено да се помири со Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Косово е подготвено да се помири со Србија, „и покрај тоа што таа држава пред две децении изврши геноцид“ врз косовските Албанци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на церемонијата по повод 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО во Косово рече дека „мирот го творат храбрите“, па затоа Косово има храброст да се помири со Србија.

Косовскиот премиер го повика претседателот на Србија, Александар Вучиќ да го признае Косово во рамки на постоечките граници.

Тој им се заблагодари на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Бил Клинтон и на поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт за помошта што ја пружија на Косово во војната во 1999 година и по нејзиното завршување.

XS
SM
MD
LG