Достапни линкови

Прекинат генералниот штрајк во Судан


Протести во Судан

Организаторите на протестите во Судан се откажаа од генералниот штрајк и од кампањата за граѓанска непослушност, а животот во главниот град Картум полека се враќа во нормала.

Силите за слобода и промени кои ги претставуваат демонстрантите во преговорите со владејачкиот Преоден воен совет ги повикаа денеска граѓаните да се вратат на работа по тридневниот генерален штрајк. А продавниците и фирмите повторно почнаа да работат. На овој потег се гледа како на можен пресврт во политичката криза во Судан. Пред два месеци демонстрантите ја принудија војската да го симне од власт долгогодишниот автократски претседател Омар ал Башир, по што демонстрантите остана на улиците, со барање генералите да ја предадат власта во рацете на цивилна влада.

XS
SM
MD
LG