Достапни линкови

Европските Зелени: Ако ЕУ не даде датум на Северна Македонија тоа ќе биде грешка од историски димензии


Партијата на Европските Зелени бараат од земјите членки на Европската унија итно да отворат преговори со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

„Ние, Европските Зелени, ги повикуваме итно земјите членки на ЕУ да помогнат за отворање на пристапните процеси со Северна Македонија. Блокирањето на оваа важна одлука сега би значело грешка од историски димензии, би имало екстремно негативни последици за европската безбедност, за стабилноста на Балканот и за кредибилитетот на ЕУ на меѓународната сцена. Тоа би било и ужасно предавство кон народот во Северна Македонија“, соопшти ко-претседателот на партијата, Рајнхард Бутикофер.

Од партијата ги повикуваат владите на земјите членки на ЕУ да покажат „барем половина од храброста што ја покажаа граѓаните на Северна Македонија“ и да дадат зелено светло за преговори со ЕУ.

XS
SM
MD
LG